Хируршка прецизност: „Искандер“ уништи клучни точки на „непријателот“ на Северен Кавказ (ВИДЕО)

Екипажите на оперативно-тактичките ракетни комплекси „Искандер“ на ракетната единица на 58 комбинирана армија на Јужниот воен округ реализираа воени вежби во текот на кои „уништија“ важни објекти на условниот непријател во планините на Северен Кавказ.

Во рамките на обуката единиците реализираа марш до полигонот „Серноводски“. Возилата успешно го совладаа нерамниот терен со природни пречки и условно загадени подрачја. Екипажите исто така ги демонстрираа своите вештини за маневрирање на ограничен простор, пишува „ТВ Ѕвезда“.

По маршот ракеташите извршија распоредување на системите, одработија задачи за проверка на оперативноста на системите и извршија полнење со ракети на лансирните уреди од возилата за транспорт и товарење. По добивањето на координатите на целите, екипажите успешно ги „уништија“ командните пунктови и јазлите за сателитска врски на условниот противник со извршување електронски лансирања на крстосувачки ракети.

Тие исто така одработија задачи за повеќекратно менување на почетните позиции, одбивање напади на диверзантско-разузнавачки групи на условниот непријател и маскирање на лансирните уреди од современа опрема за извидување. Во вежбите зедоа учество околу 50 единици техника.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња