Претходната ноќ ракетните единици на сириската армија опремени со тактички ракетни системи „Точка-У“ истрелаа балистичка ракета 9Н123Ф врз инфраструктура за експолоатација на нафта во реонот на градот Џерабулус на северот на Сирија. Конкретно, беа гаѓани објекти кои ги користат единиците на протурските групи кои оперираат на ова подрачје, а еден од главните извори на приходи е кражбата на државна нафта.
Засега нема информации за ефектите на овој напад. Ракетниот систем „Точка“, благодарение на ракетата која носи боева глава од речиси 500 кг, се одликува со голема разорна моќ.
Треба да се напомене дека овие тактички системи, со кодно име на НАТО SS-21 „Скарабеј“, ја имаа својата прва борбена премиера во Сирија на крајот на 2012 година. Се проценува дека за време на војната во Сирија биле истрелани неколку десетици ракети од овој тип.
Сиријска армија је прошле ноћи реализовала бојево лансирање из совјетског тактичког ракетног комплекса „Точка-У“ НАТО ознака- SS-21 „Скарабеј“ (срб. Балегар).Мета напада је била инфраструктура за експолоатацију нафте у рејону града Џерабулус на северу Сирије. pic.twitter.com/POVOug3ub6
— Marsonline Борбени Ефективи (@gvozdenavolja) February 28, 2021
Таа пред сè се употребува за прецизни удари по исклучително важни цели на непријателот, како што се објекти со командна структура, по поголема концентрација непријателска жива сила, по поважни јазли во системот на непријателската одбрана, магацини со оружје, муниција и останата воена опрема итн. Ефектот од дејствувањето на овие ракети беше исклучително позитивен, и тоа како во физичка, така и во психолошка смисла. Секогаш кога ова оружје беше применувано, како резултат на неговите дејствија беше регистрирана намалена терористичка активност на даденото подрачје.
Системот „Точка“ може да уништи голем број копнени сили на оддалеченост и до 70 километри. Тежината на ракетата достигнува 2000 килограми, од кои на боевата глава отпаѓаат околу 480 килограми.
Моментално во Сирија се применува модернизирана варијанта на овој систем која ја носи ознаката „Точка-У“. Таа се одликува со зголемен степен на прецизност како и дострел на ракетите кој изнесува 120 километри. Сириските воени инженери овој систем дополнително го зајакнаа со додавање оклоп на лансирната единица, како и на логистичката машина за следење која ги носи ракетите и врши нејзино полнење. Вкупната тежина на лансирната единица која се наоѓа на возилото на тркала кое има амфибиски карактеристики достигнува 18 тони. Се движи со помош на дизел-мотор со сила од 300 коњски сили. По пат ова возило со ракета може да развие брзина и до 60 километри на час, додека за време на форсирање водна препрека може да оди 8 километри на час. Со полн резервоар може да мине оддалеченост од 650 километри. Екипажот е составен од тројца војници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче