Европа го третира руското оружје како научна фантастика

Рамиљ Ситдиков/Reuters
Кога станува збор за новото оружје што го поседува Русија, во Европа се користат застарените стереотипи.

Како што пишува францускиот информативен портал „Атлантико“, рускиот арсенал е на далеку повисоко технолошко ниво одошто повеќето обично си мислат.

Според објавениот материјал, „мрзливата европска јавност сонливо се вртка во удобните претстави за ‘рѓосаните руски тенкови и нуклеарните ракети во истрошени хангари“. „Експертите, меѓутоа, веќе десетина години гледаат целосно поинаква слика, од Црното море до Сирија и од Украина до Карабах“, пишува порталот.  

Во публикацијата се наведуваат примери за маневрите кои во Европската Унија ги изведуваа земјите од Балтикот и Полска, каде услови руски трупи учествуваа во хипотетички конфликти и го победуваа противникот првите неколку дена од воените дејствија. „Експертите ги објаснуваат тие порази со високотехнолошкиот арсенал на работ на научната фантастика, создаден во Русија во текот на последната деценија“, се тврди во статијата.

„Атлантико“ наведува неколку примери кога руското оружје, за кое се сметаше дека е застарено, стекнуваше предност во однос на современите западни модели. Конкретно, се споменува инцидентот во Црното море во април 2014 година, кога руски бомбардер Су-24 прелета над американскиот разурнувач „Доналд Кук“, по што овој „ослепе и оглуве“. „Бродот ќе беше уништен со првата ракета (Су-24 маневрираше како да тргнува во напад)“, се тврди во споменатиот текст.

Во август 2018 година авторот на порталот The Drive Тејлор Роговеј изјави дека рускиот робот „Игорјок“ и активниот егзоскелет со електромотори и акумулатори на форумот „Армија 2018“ немаат никаква врска со стварното оружје кое може да се појави во најскоро време.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња