Руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ во Австрија ја споредуваат со „сигурниот“ и „ефикасен“ автомат „Калашников“. Ова го изјави водечкиот инфектолог на Медицинскиот универзитет во Виена и претседател на Австриското здружение за инфективни болести и тропска медицина проф. д-р Флоријан Талхамер.
Според него, во еден „многу почитуван журнал“ се објавени охрабрувачки податоци за руската вакцина. Тој истакнува дека „Спутник V“ е сигурна, затоа што при првата и втората вакцинација се користат различни вирусни вектори.
„Спутник V“ е како автоматот „Калашников“, рускиот автомат: едноставен, сигурен и ефикасен“, изјави професорот во интервју за весникот „Кронен Цајтунг“, пренесува „Газета.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче