Руски падобранци и покрај студот изведоа групен скок со елементи на акробатика (ВИДЕО)

На скокот од висина од 3000 метри му претходеше подготовка на земја, во текот на која падобранците го вежбаа секое свое движење.

Воените спортисти-падобранци на Централниот воен округ на Русија во чест на Денот на заштитникот на татковината на аеродром во Свердловската област изведоа сложен скок со падобран со елементи на групна акробатика.

Воените падобранци го изведоа скокот на висина од 3000 метри од транспортно-борбен хеликоптер Ми-8МТВ5-1. Во текот на слободниот пад спортистите изведоа елементи на групна акробатика: заеднички скок, престројување, собирање во група, фиксирање на позиција и разидување на група.

Во „воздушниот флешмоб“ учествуваа искусни спортисти, кои зад себе имаат 400 и повеќе скокови. На групниот скок му претходеше подготовка на земја, во текот на која падобранците го вежбаа секое движење.

Сложениот групен скок, изведен по повод одбележувањето на Денот на заштитникот на татковината, спортистите го изведоа во тешки услови. Големиот студ не ги спречи војниците да ја реализираат оригиналната празнична честитка. Во моментот на скокот температурата на земја беше околу -30 степени. На висина од 3000 метри достигнуваше -45.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња