МНР на Русија ги кани странските дипломати да се вакцинираат против коронавирус

Виктор Лисицин/Global Look Press
Рускиот дипломатски ресор исто така укажува дека во моментов руската вакцина има дозвола за употреба во повеќе од 25 земји во светот.

Испратена е покана за учество во кампањата за вакцинација до сите амбасади и претставништва на меѓународните организации во Русија. Ова во петокот, 19 февруари, за ТАСС го изјавија од Одделот за информации и печат на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Од Министерството истакнуваат дека поканата за дипломатскиот кор да се вакцинира против коронавирус е вообичаена практика во многу држави. Обезбедувајќи им на странските дипломати можност да се вакцинираат, Руската Федерација ги исполнува своите обврски согласно меѓународните договори, особено ги исполнува одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година во делот за обезбедување на неопходните услови за дипломатските мисии да ги извршуваат нивните функции и нивната безбедност, прецизираат од МНР на РФ.

Од министерството истакнуваат дека во моментов е дозволено руската вакцина да се користи во повеќе од 25 земји во светот: „Убедени сме дека континуираната работа за промовирање на вакцинацијата е заедничка задача на светската заедница во услови на тековната пандемија. Ние ги сметаме руските напори во оваа област како придонес во надминувањето на глобалната криза“.

Руските медиуми денеска соопштија дека дипломати и вработени во странските дипломатски претставништва веќе се вакцинирале со вакцината „Спутник V“. На пример, повеќето дипломати во амбасадата на Монголија веќе одамна го сториле тоа, како и неколкумина вработени во амбасадата на Шпанија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња