Многумина би го сакале: Прикажан ПВО-систем „Бук-М3“ штотуку слезен од производствената лента (ФОТО)

Скриншот
На фотографиите може да се види свежо комплетиран ракетен ПВО-систем 9K317M „Бук-М3“. Се работи за „набилдана“ верзија на системот за ПВО која според своите тактичко-технички перформанси значително го надминува својот претходник „Бук-М2“.

Фотоалбумот е настанат во производствените капацитети на Улјановскиот механички завод, кој е технички оспособен да ги склопува овие многу софистицирани и сложени борбени орудија, пишува Marsonline. На фотоалбумот може да се види самоодно лансирно орудие со ознака 9A317M со шест ракети 9M317M со дострел од 70 км, самооден радар за следење и осветлување на зафатените цели 9С36М со опсег од 120 км и набљудувачко-аквизициски радар 9С18М3 со опсег над 150 км.

Најголемите подобрувања на системот се направени при интеграцијата на новите електронски компоненти. Од исклучителна важност е и фактот дека е зголемен бројот на ракети по една лансирна единица, што значително ја зголемува вкупната огнена моќ на батериите и дивизионите опремени со овие системи.

Дивизион ракетни системи 9K317M Бук-M3 има способност истовремено да нападне 36 воздушни цели во радиус од 70 км во должина, и до 35 км во височина. Притоа, веројатноста за уништување на целта со една ракета е речиси 1:1 (цел со големина на авион-ловец), додека кај крстосувачките ракети овој сооднос е околу 1:0,8. Бук-M3 ќе користи ракети од класата „земја-земја“ 9М317М кои ќе можат да пресретнуваат цели кои летаат со брзина до 3000 м/с.

Ракетата е опремена со распрскувачко–разорна боева глава. Кон целта во првиот дел од траекторијата се наведува по инерцијален пат, а потоа во завршниот дел се активира активна радарска глава за самонаведување која е исклучително отпорна на електронски пречки.

Благодарение на компатибилноста со ПВО/ПРО-системите С-300В со долг дострел, ефективниот дострел на „ем-тројката“ во борба против аеродинамички цели (авиони на стратешката и тактичката авијација, беспилотни летала, хеликоптери, итн.) е зголемен на респектабилни 100 километри во далечина, со зона на уништување по висина која достигнува 30 километри. Балистичките цели може да се пресретнат на растојанија до 40 км и висина до 25 км.

Сепак, без оглед на навистина одличните карактеристики на овој систем, неговите конструктори не стојат во место, туку постојано го унапредуваат секогаш кога е можно. Така, на Меѓународниот воено-технички саем „Армија-2019“ беше претставена ракетната единица 9А383Э. Таа е наменета за транспорт и лансирање на противвоздушни ракети 9М83МЭ кои ги користат ракетните системи со долг дострел С-300В.

Лансирната единица е направена на унифицирана гасенична шасија која е слична на другите елементи на кои се базира системот „Бук-М3/Викинг“. Според изворите што можат да се прочитаат во руските медиуми, благодарение на проширувањето на ракетниот арсенал со новата ракета 9М83МЭ, ефективниот дострел на системот во борба против аеродинамички цели (авиони на стратешката и тактичката авијација, беспилотни летала, хеликоптери, итн.) е зголемен на респектабилни 100 километри во далечина, со зона на уништување по висина која достигнува 30 километри. Балистичките цели може да се пресретнат на растојанија до 40 км и висина до 25 км.

При гаѓање на зафатена цел, истовремено се лансираат две ракети, со што се обезбедува нивно гарантирано уништување. Нивниот старт е сличен како и кај системот С-300, каде ракетата се лансира вертикално од контејнерот.

На една самоодна лансирна единица 9А383Э може да се разместат до четири ракети 9М83МЭ. Скратена е и подготовката на ракетите за лансирање која изнесува 7,5 секунди, додека интервалот меѓу лансирањата на две ракети е 1,5 секунди. Вкупната тежина на лансирната единица на која се наоѓаат четири ракети 9М83МЭ достигнува 50 тони. Максималната брзина на движење е 60 км/ч а возилото со полн резервоар може да совлада дистанца до 500 км. 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња