Јуриј Борисов денеска пристигна во работна посета на Белград во рамките на која се состана со Ненад Поповиќ во присуство на премиерот на Владата на Србија Ана Брнабиќ.
„Во Србија планираме производство на одличната руска вакцина која стекна углед практично во целиот свет поради својата ефикасност и безбедност“, рече Борисов по состанокот.
„Во овој момент ја разгледуваме можноста за испорака на вакцината во потребните количини и по тој повод се склучени соодветни договори. Меѓутоа, сигурно ќе излеземе во пресрет за полека да почне производството на оваа вакцина во полн циклус и на тој начин да се обезбеди не само Србија, туку и балканските држави во непосредна близина од оваа чума на 21 век“, додаде тој.
Како што рече потпретседателот на Владата на РФ, заедничката неволја отвори за Русија и Србија нова страница можности за билатерална соработка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче