Системот за противелектронска борба со ознака „Автобаза-М“ првпат е забележан во воздухопловната база „Хмејмим“ во Сирија, пишува Marsonline. Кадрите на кои се гледа ова средство можат да се видат на видеоматеријалот направен од руската државна телевизија.
За потсетување, единиците на Корпусот на Стражата на Исламската револуција (КСИР) со употреба на извозната верзија на овој систем успеаја да го пресечат контролниот канал помеѓу операторот и американското тајно беспилотно летало RQ-170 Сентинел. Притоа тоа беше присилно спуштено на локалниот аеродром, а потоа детално проучен од страна на иранските специјалисти.
Главната задача на комплексот „Автобаза-М“ е откривање, класификација и следење на траекторијата на воздушни и поморски цели (површински пловила) врз основа на зрачењето на нивните радиоелектронски уреди. Значи, „Автобаза-М“ работи во пасивен режим, што му дава способност за прикриено дејствување.
У кругу ваздухопловне војне базе "Хмејмим" у Сирији примећен руски систем за противелектронску борбу "Автобаза-М". Систем ради у пасивном режиму рада и има домет од 400км. pic.twitter.com/4X37219TmL
— Marsonline Борбени Ефективи (@gvozdenavolja) February 15, 2021
Овој систем е во состојба преку својот процесор да следи голем број параметри за една или повеќе зафатени цели. Тој во автоматски режим на работа е поврзан со средства за ПВО. Во рамките на еден систем има четири станици за детекција и радионавигација, вклучително и дополнителна станица за класификација и обработка на информации.
Посебен куриозитет е што во пасивен режим на работа оваа станица може да открие непријателска цел на растојание од дури 400 км. Во моментов модернизираниот систем „Автобаза-М“ според своите карактеристики ги надминува сите пандани во светот. Тој е во состојба да операционализира до 150 различни цели, вклучително и нивна идентификација. Притоа една од главните способности на системот е можноста за одредување исклучително прецизни координати на воздушните цели во реално време, што е многу важно за ракетните ПВО-системи со среден и голем дострел.
Руските експерти напоменуваат дека најголемата сила на овој систем е неговиот пасивен режим на работа. Современите воени воздухопловства на почетокот на воздушната агресија врз „непослушните“ држави се фокусираат, меѓу другото, и на уништување на системите за противелектронска борба. Ова беше особено индикативно за време на изведувањето на воздушните операции против Ирак и СР Југославија. Војските на овие земји користеа средства кои работеа во активен режим на работа и стануваа лесен плен за супериорниот непријател кој ги гаѓаше со голем број противрадарски ракети. Кај „Автобаза-М“ тоа не може да биде случајот, бидејќи во текот на својата работа не емитува никакво зрачење, поточно, останува практично невидлив за противничките авиони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче