ВИДЕО: Морнаричката пешадија на Северната флота „уништи терористичка база“ на Арктикот

Пред да го нападнат „непријателот“ припадниците на морнаричката пешадија му се прикрадоа на логорот почитувајќи ги сите мерки за камуфлирање и претпазливост.

Морнаричката пешадија на Северната флота нападна и уништи база на условни терористи на завеаниот арктички простор.

Припадниците на морнаричката пешадија ја извршија задачата со помош на воени возила за снег А-1.

Не ги исплашија суровата северна клима, ниските температури и длабокиот снег. Војниците успеаја да извршат молневит напад врз назначеното место, по што продолжија со извршувањето на поставените задачи пеш.

Пред да го нападнат непријателот морнаричката пешадија му се прикраде на логорот почитувајќи ги сите правила на камуфлирање и претпазливост. Откако заробија непријателски војник, тие ги означија целите за ударната авијација и артилеријата кои условно ја уништија непријателската база. Потоа припадниците на морнаричката пешадија извршија целосно чистење на теренот. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња