Кои се предностите на третата руска вакцина против новиот коронавирус?

Xinhua/Global Look Press
Во Русија во најскоро време треба да почне сериското производство на третата вакцина против коронавирус „КопиВак“, настаната во научниот центар за истражување и развој на имунобиолошки препарати „М. П. Чумаков“. Според Константин Чернов, заменик-директор за проектна активност и иновации на Центарот, наведениот препарат, за разлика од постојните вакцини, има цели вирусни честички.

„Тие се инактивирани, мртви и не се во состојба да му наштетат на човечкиот организам на било кој начин. Меѓутоа, можат да развијат имунитет на новиот коронавирус“, рече експертот.
Чернов објасни дека стручњаците на овој институт во „црвените зони“ на ковид-болниците изолирале примероци на вирусот погодни за култивирање. Собрани се вкупно повеќе од 600 примероци за „КопиВак“ да биде базирана на сој добиен од еден пациент во болницата во населбата Комунарка на периферијата на Москва.  

Препаратот на база на цел вирус, според зборовите на стручњаците, има значителна предност, тој го „запознава“ целиот организам со вирусот, додека пептидните, аденовирусните и mRNA вакцините создаваат имунитет само на S-протеинот од кого е изградена боцката на коронавирусот.

„Не треба да се отфрли можноста дека некои механизми на делување на вирусот врз организмот во овој момент сé уште можат да бидат непознати. Освен S-протеинот, само во надворешните структури на вирусот се наоѓаат уште четири основни протеини. Вкупно вирусот сега има преку 50 различни протеини. Веќе постојат податоци дека освен молекули на одреден тип за кој се врзува протеинот S со цел влегување на вирусот во нашите клетки, предизвикувачот на ковид заемно делува со уште најмалку три други рецептори во организмот на човекот“, напоменува научникот додавајќи дека „КопиВак“ всушност го имитира природниот процес во сите негови аспекти.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња