Русија има значителен успех во создавањето хиперсонично оружје, пишува „Национален Интерес“.
Развојот на хиперсонично оружје е една од областите во кои Москва има значителна и потенцијално сериозна предност пред САД, смета изданието. Станува збор за тестирањата на новите ракети „Циркон“, кои можат да достигнат брзина од 8 Мах. Ова им остава на потенцијалните цели малку време за возвратна реакција, пренесува „Росијскаја газета“.
Авторот на статијата верува дека хиперсоничните ракети се толку брзи што не мора да носат експлозивна материја. Самиот удар со објект со толкава брзина ќе предизвика силна експлозија.
„Национален Интерес“ исто така пишува дека Русија стана првата земја во светот што дозволи распоредување хиперсонични ракети на подморници. Тоа им овозможува на платформите за лансирање да останат скриени, но во исто време и многу мобилни. Бидејќи ракетите се истрелуваат од подводна позиција, подморницата може да се приближи максимално блиску до објектот, што уште повеќе го скратува времето за возвратен удар.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче