Русите почнаа со развој на „супер-корнет“: освен што ќе уништува тенкови, ќе соборува и дронови?

Министерство за одбрана на РФ
Станува збор за перспективен ракетен систем што ќе го наследи сега веќе познатиот противтенковски ракетен комплекс „Корнет“. Процените се дека овој систем ќе биде во вооружувањето на воздушни и копнени борбени платформи, вклучувајќи ја и портабл-верзијата.

Рускиот военоиндустриски комплекс започна со развој на нов противтенковски ракетен систем кој е во состојба покрај тенкови да уништува и беспилотни летала. Ова го изјави директорот на производство на комплексите вооружување на државната корпорација „Ростех“ Бекан Оздоев, пренесува порталот „Борбени Ефективи“.

Ракетниот комплекс е производ на конструкторската работа на инженерите од компанијата „Конструкторско биро за инструменти“ (Конструкторское бюро приборостроения).

„Тоа повеќе не е тесно специјализирано противтенковско оружје, туку повеќенаменцко одбранбено-јуришно оружје, способно ефикасно да уништува не само типични цели – тенкови или оклопна техника, туку и цел спектар претходно „недостижни цели“, како што се воздушни цели, вклучително и беспилотни летала“, изјави притоа Оздоев.

Станува збор за перспективен повеќенаменски противтенковски ракетен систем кој прв во светот ќе може без какви било ограничувања да уништува минијатурни маневарски цели кои се одликуваат со слаба рефлексивност во инфрацрвен спектар.  

За успешно реализирање на овие сложени барања, за перспективниот ракетен систем е специјално развиена нова самонаведувана двоканална боева глава која работи во тв/термовизиски спектар

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња