Производителот на С-400 тестираше „Волкˮ

Концерн ВКО «Алмаз-Антей»

Концернот „Алмаз-Антејˮ, креатор на противвоздушниот ракетен систем С-400 „Триумфˮ, ги заврши испитувањата на беспилотното летало за пресретнување „Волк-18ˮ кое е во состојба автоматски да пронаоѓа и соборува или налетува на непријателски дронови, објави РИА „Новостиˮ.

Според информациите од компанијата, летечките испитувања на уредот опфаќаат „реално гаѓање на дронови-мети“. „Планираме да излеземе на државни испитувања годинава“, соопшти концернот.

Од концернот исто така додаваат дека „Волк-18ˮ добил, меѓу другото, современ оптичко-навигациски систем и систем за управување. „Сега операторот само треба да ја потврди одлуката за напад врз непријателски дрон“, објаснуваат од „Алмаз-Антејˮ. 

Во декември 2020 година магазинот „Национален Интерес“ (The National Interest) објави дека С-400 „Триумфˮ може да се смета за „најголемиот страв“ на НАТО.

Истиот месец воениот експерт Алексеј Леонков изјави дека системите за противвоздушна одбрана од руско производство не можат да бидат хакирани.

Во јули 2020 година министерот за одбрана на Турција Хусули Акар изјави дека неговата земја е подготвена да ја отстрани загриженоста на САД која се појави во врска со стравот дека поради системот С-400 „Триумф“ од руско производство би можеле да протечат информации за карактеристиките на американскиот ловец од петтата генерација F-35 Lightning II.

Конструктивно „Волк-18ˮ претставува брз маневарски квадрокоптер со полетна маса од шест килограми и димензии 60х60 сантиметри. Се проценува дека во воздух може да помине околу половина час.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња