Руското Министерство за одбрана ги зголемува набавките на хиперсонично и високопрецизно оружје

Скриншот, телевизиja „Ѕвезда“
Врз основа на пресметката на Генералштабот во соработка со Министерството за индустрија и трговија се работи на дополнителни набавки на хиперсонично и високопрецизно оружје со голем дострел, нагласи министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу.

Министерството за одбрана на Русија планира дополнителни набавки на хиперсонично и високопрецизно оружје со голем дострел. Ова на состанокот во Научно-производствената организација „Машиноградба“ во подмосковскиот град Реутов го изјави министерот за одбрана на Русија, генерал на армија Сергеј Шојгу.

Според раководителот на рускиот воен ресор, прашањето за развој на високопрецизно оружје со голем дострел се наоѓа под посебен надзор на претседателот на РФ Владимир Путин и веќе во април ќе му биде реферирано што се презема во тој правец.

На затворениот за јавноста состанок беа разгледани предлози за изворите на финансирање, како и состојбата на производствените капацитети на индустријата заради решавање на поставените задачи.

НПО „Машиноградба“ се занимава со цел спектар ракетна и вселенска техника, ракети-носачи, сателити, вселенски бродови со екипаж, пилотирани орбитални станици и нивни модули, воени балистички, крстосувачки и други ракети.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња