Како што истакнуваат новинарите, многу земји „застануваат во редица“ за да го набават овој препарат откако во престижното медицинско списание The Lancet беа објавени резултатите од третата фаза клинички испитувања кои ја потврдија високата ефикасност на руската вакцина.
Авторите на материјалот истакнуваат дека во глобалната борба за победа над пандемијата „трката во вакцини“ доби геополитичко значење: владите на земјите се обидуваат да ја надоместат огромната социјално-економска штета што ја нанесоа рестриктивните мерки. Русија во оваа ситуација е во предност како една од ретките земји во кои научниците успеаја да создадат квалитетна вакцина, се наведува во текстот.
„Русија го постигна веројатно своето најголемо научно достигнување од советско доба“, заклучува „Блумберг“.
Минатата недела во списанието The Lancet беше објавен труд со резултатите од третата фаза испитувања на „Спутник Vˮ врз доброволци. Истражувањето ја потврди високата безбедноста на руската вакцина и ефикасноста на ниво од 91,6%. Притоа, како што соопштија научниците од Центарот „Гамалејаˮ, вакцината дава стопроцентна заштита од тешки форми на COVID-19.
Вакцината „Спутњик Vˮ е првиот препарат на светот за превентива на COVID-19. Руското Министерство за здравство ја регистрираше вакцината кон средината на август минатата година. Вакцината ја креираше Центарот „Гамалеја“ врз основа на добро проучената платформа на векторот на човечки аденовирус.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче