Како на филм: Британците се подготвувале за борба против руските Т-62 и БТР-60ПБ

Во текот на Студената војна, во војските на НАТО, при обука на војниците за водење борбени дејствија против советската армија и силите на земјите на Варшавскиот пакт, користена е техника произведена во СССР.

Во филмот наменет за британските војници во Западна Германија се користени вистински средни тенкови Т-62 и оклопни транспортери БТР-60ПБ. Овие борбени возила биле заробени од Израелците во текот на воените конфликти со своите соседи.

Во наставниот филм, снимен со користење на постапки на игран филм, се демонстрира како треба да ѝ пружи отпор на „заканата од Исток“. На пример, тенковите „Чифтеин“ (Chieftain) бестрашно бијат по оклопната техника, погодувајќи ги едно по друго борбените возила.

Во стилот на холивудските акциски филмови, од стрелечко оружје почнува да пука пешадијата во напад, облечена во бесмислена униформа која слабо личи на вистинска. Можат да се видат и други грешки.

Филмот е очигледно снимен во првата половина на 80-тите, кога во Групата советски сили во Германија веќе подолго време се користеа основните борбени тенкови Т-64 со повеќеслоен оклоп. Меѓу нив имаше и варијанти кои можеа на оддалеченост до 4000 метри да истрелуваат наведувани ракети од системот 9К112 „Кобраˮ. Во реалноста „Чифтеин“ имаа слаби шанси да им се спротивстават.

Исто така, тие години во Групата советски сили во Германија веќе влегоа во употреба тенковите Т-80Б со гасна турбина со моќност 1100 коњски сили, познати по исклучителните брзински и маневарски карактеристики. И покрај големата борбена моќ, советските сили и нивните сојузници немаа агресивни планови, подготвувајќи се само за одбрана во случај на напад од страна на Северноатлантската алијанса.

Интересно што и денес во армиите на западните земји на воените вежби се користи странска техника и што, како и пред повеќе децении, на полигоните можат да се видат истите советски тенкови.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња