Тенкот за мрежноцентрично војување „Армата” првпат ќе биде претставен во странство

Сергеј Фадејчев/TASS
Најновиот руски тенк Т-14 „Армата” доби „пасошˮ и првпат ќе биде претставен на саем во странство.

Тенкот Т-14 на платформата „Армата” доби пасош за својата извозна варијанта и наскоро ќе биде претставен во странство. Ова за РИА „Новостиˮ го соопшти компанијата „Рособоронекспортˮ, специјализирана за извоз и увоз на производи за воена намена.

Досега ова борбено возило не ја напушташе земјата за учество на саеми на техника. Може да се претпостави дека тенкот е дебитира на саемот на оружје IDEX-2021 во Абу Даби, кој ќе се одржи од 21 до 25 февруари.

Т-14 е перспективен руски тенк со купола без војници. Тоа е првиот тенк на светот наменет за мрежноцентрично војување. Во него „Армата“ има задача како возило за извидување, наведување на цели и коригирање на огнот на самоодните артилериски системи, противвоздушните ракетни системи и тенковите Т-90. Опремен е со ротирачки радар, систем за активна заштита „Афганит” и динамичен оклоп „Малахит”.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња