Се појави фотографија од првиот лет на МиГ-31К со хиперсонична ракета „Кинжал“ (ФОТО)

Ловец-пресретнувач МиГ-31БМ

Ловец-пресретнувач МиГ-31БМ

Виталиј Анков/Sputnik
За да може еден стандарден борбен авион за класични ловечко-пресретнувачки да употребува ракета која на својата траекторија може да оствари брзински карактеристики од над 10 Маха, нему мораше да му се направи пакет модификации кој содржеше капитални унапредувања. Имплементацијата на новиот напаѓачко-навигациски систем услови оваа верзија на авионот да се „преквалификува“ од ловец-пресретнувач во јуришно воздухопловно летало.

Се смета дека фотографијата настанала кон средината на 2016 година при првиот лет на специјално модернизираниот суперсоничен ловец-пресретнувач со ракета „Кинжал“, која оствари технолошки продор кога е во прашање развој на сигурно ударно воздухопловно вооружување со хиперсонични летечко-технички карактеристики, пренесува српскиот веб-портал Marsonline.

Суперсоничниот ловец-пресретнувач МиГ-31 е избран како единствената достапна платформа која може да одговори на сложените тактичко-технички барања кои се основниот предуслов ракетниот систем „Кинжал“ воопшто да функционира. Интеграцијата на перспективно вооружување со зголемени експлоатациони барања условуваше и обемна модернизација на летечката платформа. Обемната модернизација изведена на овој авион, како и карактеристиките на оружјето, условија и измена на тактичките начела на употреба на овој авион која мораше дополнително да се изврши преку дополнителна преобука на пилотите.

За да може стандарден борбен авион за класични ловечко-пресретнувачки да употребува ракета која на својата траекторија може да оствари брзински карактеристики од над 10 Маха, нему мораше да му се направи пакет модификации кој содржеше капитални унапредувања. Имплементацијата на новиот напаѓачко-навигациски систем услови оваа верзија на авионот да се „преквалификува“ од ловец-пресретнувач во јуришно воздухопловно летало. Од оваа верзија е отстранет стандардниот радар. Зголемен е капацитетот на резервоарите со гориво, со што е зголемен оперативниот долет на овие летала, т.е. на зоната на активно борбено патролирање. Направена е и реконфигурација во управувачкиот дел на кабината на авионот и индикаторите на екранот заради интеграцијата на новите параметри поврзани со ракетата „Кинжал“. Исто така, темелно е модернизиран и блокот апаратура за врска.

Габаритите на ракетата, како што се нејзината должина и тежина, условија да се помести тежишната точка на масата на авионот, што доведе до тоа МиГ-31К да се однесува во лет мошне поразлично во однос на ловечката верзија на овој авион. Од овој мошне незгоден проблем се излезе така што е извршена квалитетна преобука на летечкиот персонал кој искличуво ќе управува со верзијата на авионот МиГ-31К, со акцент на максимално ефикасна употреба на воздухопловот во сите фази на летот, особено кога на подтрупниот носач е монтирана ракета.

Во техничката фаза на летот на ракетата воздухопловната платформа (во овој случај МиГ-31К) има улога на нејзин „прв прстен“ кој е непосредно одговорен за лансирање и за забрзување на ракетата. Накусо, по приемот на командата за дејство, пилотот во авионот МиГ-31К започнува фаза на енергично запнување доколку нема доволна височина од моторите кои се наоѓаат во режим на дополнително согорување. Кога леталото ќе достигне високи параметри на брзина и на висина, дури тогаш се врши лансирањето на ракетата. Кога лансирањето ќе се изведе под овие услови, тоа овозможува за неколку пати да се зголеми оперативниот дострел на ракетата, како и на нејзината брзина на лет која надминува 10 маха.

Воздухопловниот ракетен систем „Кинжал“ е способен да ги уништи сите површински бродови на потенцијалниот непријател како што се носачи на авиони, ракетни крстосувачи, разорувачи итн. Боевата глава на оваа ракета е преземена од аеробалистичката ракета од класата земја-земја од типот „Искандер“. Самата ракета може во текот на својот лет да изведува сложени маневри и со голема прецизност да погоди цели на оддалеченост и до 2000 километри.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња