Регистрацијата е извршена во склоп на процедурата без спроведување дополнителни клинички испитувања на просторот на оваа земја, се наведува во соопштението на рускиот Фонд за директни инвестиции, кој исто така наведува дека вакцината ја одобрила мексиканската Федерална комисија за заштита од санитарни ризици, истакнувајќи дека се работи за 17-тата земја во светот која ја одобрила за употреба руската вакцина „Спутник V“.
Вакцината се применува и во Србија, Белорусија, Аргентина, Боливија, Алжир, Палестина, Венецула, Парагвај, Туркменистан, Унгарија, ОАЕ, Иран, Република Гвинеја, Тунис и Ерменија.
Според директорот на Фондот за директни инвестиции Кирил Дмитриев, наскоро бројот на земји во кои населението се вакцинира со руската вакцина ќе достигне 25.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче