Русија до крајот на оваа година ќе ѝ го испорача на Индија првиот полк ПВО/ПРО системи С-400

Григориј Сисоев/Sputnik
Претходно во октомври 2018 година Москва и Њу Делхи потпишаа договор од стратешки формат кој подразбира испорака на пет полковски комплети ракетни ПВО/ПРО системи С-400 „Триумф“. Вкупната вредност на договорот е проценета на повеќе од 5 милијарди американски долари, а оваа зделка е оценета како најголема во историјата на руската компанија „Рособоронекспорт“. Рускиот партнер ја презеде врз себе обврската да ја заврши комплетната зделка до крајот на 2023 година.

Динамиката во реализацијата на договорот што се однесува до испораката на противвоздухопловни ракетни системи С-400 „Триумф“ се спроведува според однапред утврдените планови и тука нема никакви отстапувања, пренесува порталот „Борбени Ефективи“. Њу Делхи до крајот на оваа година ќе го добие првиот ракетен полк кој во целост ќе биде опремен со овие софистицирани борбени средства. Ова за веб-порталот РИА „Новости“ го изјави заменик-директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка (ФСВТС) Владимир Дрожов, кој се наоѓа на големиот Меѓународен воено-технички саем на современа воздухопловна техника Aero India-2021.

„Испораката на ракетните системи С-400 „Триумф“ се реализира во зададените рамки. На нашиот партнер ќе му го испорачаме првиот ракетен полк до крајот на оваа година“, соопшти Дрожов, пренесува веб-порталот aex.ru. Заменик-директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка рече дека во јануари оваа година пристигнала група индиски офицери и војници кои ќе поминат специјалистичка обука на ракетни системи С-400.

Претходно во октомври 2018 година Москва и Њу Делхи потпишаа договор од стратешки формат кој подразбира испорака на пет полковски комплети ракетни ПВО/ПРО системи С-400 „Триумф“. Вкупната вредност на договорот е проценета на повеќе од 5 милијарди американски долари, а оваа зделка е оценета како најголема во историјата на руската компанија „Рособоронекспорт“. Рускиот партнер ја презеде врз себе обврската да ја заврши комплетната зделка до крајот на 2023 година.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во височина дејствува и до 35 км. Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км. Системот влезе во вооружување на 28 април 2007 година. Во овој момент руската армија во своето вооружување има 33 полкови/69 дивизиони опремени со системи С-400 „Триумф“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња