Вучиќ го замоли Путин Србија што побргу да добие дополнителни количини руска вакцина

kremlin.ru
Српскиот претседател Александар Вучиќ му се заблагодари на претседателот на РФ Владимир Путин за поддршката во борбата против коронавирусот, а особено за испораката на вакцината „Спутник V“, затоа што придонела за тоа Србија да предничи во вакцинацијата на населението.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ разговараше денеска по телефон со претседателот на Русија Владимир Путин и го замоли да помогне што побргу да се добијат дополнителни количини руска вакцина, за што повеќе граѓани на Србија во најскоро време да примат сигурна заштита од коронавирус.   

Исто така, тој нагласи дека Србија, со помош на стручњаци од Русија, ќе изгради капацитети и самостојно ќе произведува вакцини.

Вучиќ и Путин констатираа дека Србија и Русија и во изминатиот период, одбележан со тешкотии што ги донесе коронавирусот, го потврдија високиот степен на меѓусебно разбирање и пријателство.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња