Хеликоптерите од кругот на фабриката беа транспортирани со воено-транспортни авиони Ил-76. Притоа тие беа фабрички распакувани за по слетувањето на дестинацијата повторно да бидат комплетирани од специјалисти и да му бидат предадени за употреба на воздухопловниот полк, пренесува веб-порталот armstrade.org.
Пилотите кои ќе управуваат со овие софистицирани борбени летала ја совладаа специјалистичката програма во Центарот за борбена обука и преквалификација на летечкиот кадар на армиската авијација на Министерството за одбрана.
Ка-52 „Алигатор“е борбено-извидувачки хеликоптер кој е наменет за борба против тенкови, оклопна и друга борбена техника, непријателска жива сила, хеликоптери и останати воздушни објекти, на предниот крај на одбраната и тактичката длабочина на фронтот, во сите временски и климатски услови, пишува порталот „Борбени Ефективи“.
Опремен е со современа авионика која е во спој со респектабилно вооружување. Го движи силен мотор са коаксијална елиса што на „Алигаторот“ му обезбедува одлични маневарски карактеристики кои вклучуваат изведување сложени летечки фигури. Покрај тоа, Ка-52 е опремен и со систем за радиоелектронска заштита, апаратура за намалување на топлотната рефлективност, како и со средства за активна заштита од лесни преносни системи за ПВО.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче