Руската флота доби „невидлива“ корвета која од Црното море може да гаѓа непријател во Суецкиот канал

Константин Михальчевский/Sputnik
Руската Црноморска флота кон крајот на минатиот месец ја доби новата корвета од класата „Бујан“ (според руската класификација спаѓа во малите артилериски и ракетни бродови) „Грајворон“, наоружана со крстосувачки ракети „Калибар“ со дострел од 2500 км.

Сите наредни пловила ќе бидат изградени според унапредениот проект од класата 21631, која вклучува поголем депласман на бродот, примена на стелт-технологија и интеграција на универзалниот систем за вертикално лансирање на ракети 3С14, кој е компатибилен со современите универзални и противбродски крстосувачки ракети „Калибар“ или „Оникс“, што во целина значително ќе ги подобри неговите борбени способности.

Според главниот уредник на магазинот „Независен воен набљудувач“ Дмитриј Литовкин, бродовите се првенствено наменети за поморски операции во поблиските зони заради заштита на огромниот руски брег.

„Поради својата мала тонажа овие бродови можат да дејствуваат дури и во изразено плитките зони на океаните и морињата, вклучувајќи го и разгранетиот систем на руските реки (во речните корита). Оваа карактеристика им овозможува на корветите од класата „Бујан“ лесно да го сменат местото на кое се наоѓаат и извршат свое маскирање во делтите на реките. Оваа карактеристика е многу важна во современата војна која се одликува со исклучително висок интензитет на борбените дејствија, кои често знаат да бидат многу непредвидливи“, вели Литовкин.

Како што напоменува рускиот експерт, според своите габарити чисто „тактичкиот“ тип на брод е на прв поглед способен да решава задачи од стратешка важност, затоа што во своите спремници може да понесе и до осум крстосувачки ракети „Калибар“ кои се во состојба да погодат цели на далечини и до 2500 км.

„Едноставно кажано, корветите од класата „Бујан“ се во состојба да ги уништуваат своите цели во Суецкиот канал или Средоземното море од акваторијата на Каспиското или Црното море“, нагласува стручњакот.

Новата структура на бродското корито во комбинација со примената на „стелт“ технологијата им дава на корветите од класата „Бујан“ преднот во однос на конкурентите од НАТО. „При изградбата на овие бродови основниот фокус беше на создавањето способности кои ќе ги направат незабележливи за модерните радарско-набљудувачки системи. За да го постигнат тоа, конструкторите создадоа нов корпус на бродот направен од композитни материјали, кој според нивните зборови е невидлив за непријателот. Во секој случај се надеваме дека нема да мораме да откриеме дали е тоа вистина или не во реална борба“, заклучува експертот.

Главната разлика кај унапредената ракетна корвета од класата „Бујан“ во однос на нејзините советски претходници претставува интеграцијата на универзалниот ракетен лансер во кој се наоѓаат осум вертикални силоси за крстосувачки ракети и противбродски ракети од нова генерација. Поради тоа бродот стана мошне голем за класата бродови кои се означуваат како корвети. Имено, неговата должина изнесува респектабилни 74 метри. Овој брод може да помине до 2500 наутички милји без да влезе во пристаниште. Бродското артилериско вооружување се состои од: 1 х 100 мм артилериски бродски модул А-190М, 1 х 30 мм артилериски модул со два спрегнати ротациски топа АК-630М-2 „Дует“. Покрај тоа, во вооружувањето влегоа и два противоздухопловни ракетни лансери (џигити) со краток дострел „Гибка-Р“, два тешки митралези со калибар 14,5 мм и три класични митралези со калибар 7,62 мм.

Тактичко-технички карактеристики:

Депласман: 949 тони

Должина: 74.1 м

Ширина: 11 м

Газ: 2.6 м

Екипаж: 36 луѓе

Погон: 1x M507A дизел-мотор кој генерира 10000 коњски сили

Далечина на пловење: 2500 наутички милји

Максимална брзина : 25 јазли

Вооружување:

   1×1-100 mm АУ А-190М „Универал“

   2 x 14.5 mm тешки митралези;

   3 x 7.62 mm митралези;

   1 x 30 mm модул артилериски систем AK-630M-2 „Дует“;

   8 крстосувачки ракети „Калибар“ (или противбродски ракети „Оникс“);

   2x ЛПРС ПВО со краток дострел „Игла-С“

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња