Сирија: погледнете како група хеликоптери Ми-24 ракетира рид на кој се наоѓаат терористи (ВИДЕО)

Alamy
Десантно-јуришниот хеликоптер Ми-24 ја покажа својата борбена жилавост уште во 80-тите години на минатиот век. Ескадрили „летечки тенкови“ ги поддржуваа единиците на 40 советска армија во Авганистан. Во текот на својата воена употреба овие хеликоптери знаеја да издржат погодоци на повеќе ракети истрелани од лесни преносни ракетни системи, оган од ПА-топови и митралези со голем калибар. Слични искуства беа забележани и во текот на судирите ширум светот во кои учествуваше овој хеликоптер.

Од видеоматеријалот се гледа употреба на десантно-јуришни хеликоптери Ми-24 во текот на борбените операции на здружените руско-сириски сили во централниот и источниот дел на државата. Во прашање е борбено дејство на група од четири хеликоптери кои ракетираа една кота на која се утврдија терористите (ископаа ровови и изградија бункери). Во акцијата се ангажирани и елементи на руските специјални единици (ССО) кои вршеа наведување од земја.

Целата операција е успешно завршена. Поголемиот дел од терористичката група е уништен во своите ровови. Мешовитата руско-сириска група сили притоа не претрпе никакви загуби. 

Десантно-јуришниот хеликоптер Ми-24 ја покажа својата феноменална борбена жилавост уште во 80-тите години на минатиот век. Ескадрили „летечки тенкови“ ги поддржуваа единиците на 40 советска армија која дејствуваше во Авганистан. Во текот на својата воена употреба овие хеликоптери знаеја да издржат погодоци на повеќе ракети истрелани од лесни преносни ракетни системи, оган од ПА-топови и митралези со голем калибар. Слични искуства беа забележани и во текот на судирите ширум светот во кои учествуваше овој хеликоптер. Слични искуства кои во пракса го оправдуваат прекарот „летечки тенк“ беа забележани и во текот на бројните судири ширум светот во кои учествуваше овој хеликоптер.

Пред почетокот на несреќната војна во Сирија сириската армија имаше во својот состав околу триесетина оперативни ударни хеликоптери Ми-25 (ознака за извозната верзија на Ми-24).

Во текот на овој судир овие хеликоптери беа активно употребувани во голем број противтерористички операции. Тие со голем успех ги напаѓаа позициите на кои се наоѓаа терористичките сили како и нивните борбено-транспортни средства. Притоа масовно употребуваа ненаведувани, а повремено и наведувани ракети, како и гравитациски бомби.

Руската воена индустрија неодамна претстави и модернизирана верзија на хеликоптерот Ми-24П, која ја носи ознаката Ми-35П+. Се работи за летало кое ќе добие нов комплекс за управување со огнот со чија помош ќе се наведуваат современи убојни средства, како и оптоелектронски систем. „Ние ќе ги оспособиме овие хеликоптери да ги користат современите наведувани ракети „Атака“ или „Виор“, изјави притоа првиот човек на концернот „Росвертол“ Андреј Богински.

Со модернизација на ова летало е продолжен и неговиот употребен ресурс на 45 години. На овој начин ќе се оправда економската исплатливост на модернизацијата на овие летала. Оваа верзија на хеликоптерот веќе предизвика голем интерес во светот, особено кога се во прашање војските кои во своето вооружување ги поседуваат овие средства.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња