Пилотите на Централниот воен округ на руската војска почнаа вежбовни летови на хеликоптери Ми-24П „Крокодил“ и Ми-8АМТШ „Терминатор“ во Тува. Летовите се одвиваат на нов полигон на планински терен на кој екипажите мораат да маневрираат меѓу планински гребени и да ги совладуваат.
Дејствувано е во услови на големи разлики во висината од 1000 до 3000 метри. Притоа пилотите на Ми-24П открија во планинските клисури бандитски формации и дејствуваа во правец на нивна блокада и уништување, а „Терминаторите“ извршија тактички десант и изведоа операции на потрага и евакуација на условно ранетите.
Вежбите се одвиваа на неподготвени планински полигони. Започнаа благодарение на аеродромот во Кизил. Поради таквите полигони вежбите добија на интензитет, квалитативно и квантитативно. Во прилог на тој факт одат и бројките – пилотите реализираа повеќе од 400 летови и повеќе од сто часа налет.
Истовремено на копно, на полигон во Кемеровската област, припадниците на механизираната пешадиска единица на општовоената формација на Централниот воен округ тргнаа на скии на засилен марш на оддалеченост од 15 километри. Вежбата е реализирана со полна борбена опрема. Без оглед на тешките услови војниците најдоа начин да ја решат задачата и за да се движат побрзо закачија сајли на борбено возило на пешадијата и одеа по него.
Претходницата го откри условниот непријател, по што на извидниците им притекнаа на помош припадниците на механизираната пешадиска единица. Непријателот е опколен и уништен со употреба на стандардно вооружување на борбено возило на пешадијата и стрелечко оружје.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче