„Единствениот повеќенаменски брод е вистински господар на поблиската морска зона. Она што е негова специфичност, дури и визуелно забележливо, е надградбата, направена од композитни материјали со употреба на тнр. „стелт“ технологија (тешко видлива за радарите)“, рече Кутаренко.
„Гремјашчи“ е наменет за борба против површински пловила и непријателски подморници во поблиската морска зона, како и за патролирање и артилериска поддршка на морски десант. Тоа ќе биде првиот брод на Тихоокеанската флота со ракети „Калибар“ во вооружувањето.
Изградбата на бродот започна во бродоградилиштето „Севернаја верф“ на 1 февруари 2012 година. Беше спуштен во вода на 30 јуни 2017 година. Депласманот на корветата изнесува 2200 тони, должината околу 105 метри, ширината 13 метри, а брзината 27 јазли.
Вооружен е со артилериско орудие А-190-01 со калибар 100 мм, два противвоздушни автомата АК-630М со калибар 30 мм и противбродски систем „Пакет-НК“. Покрај тоа, корветата е опремена со наведуван ракетен систем „Калибар-НК“ и противвоздухопловен ракетен систем „Редут“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче