„Ростех“ ги откри карактеристиките на ракетниот комплекс „Корнет“ за ВДВ

Министерство на одбрана на Русија
Русија започна со тестирање на најновиот самооден противтенковски ракетен комплекс „Корнет-Д1“ за Воздушно-десантните сили (ВДВ). Развојот на борбената машина е во финалната етапа.

Ова за РИА „Новости“ го соопшти индустрискиот директор на кластерот за вооружување на државната корпорација „Ростех“ Бекхан Оздоев. Според него, комплексот е создаден практично од нула. Од веќе постоечкиот „Корнет“ е останат само системот за контрола на ракетите во лет. „Корнет-Д1“ за ВДВ се наоѓа на шасијата на БМД-4М, што овозможува десантирање, пишува „Росијскаја газета“.

Борбеното возило „Корнет-Д1“ располага со два автоматски лансера, од кои секој може да биде насочен кон своите цели, дури и ако се расфрлани по дострел и висина. Се разбира, може да се стрела во кое било време од денот. Автоматското наведување овозможува ракетите да бидат насочени кон целта без интервенција од операторот.

Дострелот на „Корнет-Д1“ е 8 и 10 км за противтенковските ракети со тандем-кумулативни и термобарични боеви глави. Во вториот случај ракетата може да неутрализира и воздушни цели кои летаат со мала брзина.

Исто така, одделно е развиено и возило за командирот на водот. Покрај лансерите, тоа е опремено и со средства за извидување и нишанење.

Оздоев исто така појасни дека за работата на новиот комплекс е потребно да се преквалификуваат артилерците, како и командирите на борбените возила и единиците. Сега со тоа се занимава Омскиот центар за ВДВ, кој го удвои бројот на курсисти и повеќе од двојно го прошири списокот на воени специјалности.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња