Според сценариото на вежбите, дроновите се обидоа да нападнат аеродром за хидроавиони во Мурманската област. Во неговата одбрана учествуваа гардиски единици, беспилотни летала и противвоздушни артилериско-ракетни системи „Панцир-С“. Во обуката учествуваше и јуришен хеликоптер Ка-29, пишува „Росијскаја газета“.
За време на вежбите единиците изработија содејство во организирање на комплексна противвоздушна одбрана, земајќи го предвид борбеното искуство стекнато во Сирија, соопштува прес-службата на Северната флота.
„Персоналот дејствуваше самоуверено и се справи со поставените задачи“, рече командантот на армијата на ВВ и ПВО на Северната флота генерал-потполковник Александар Отрошченко.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче