Руската војска изминатата година доби повеќе од 6600 примероци вооружување

Рамиљ Сидиков/Sputnik
Според министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу, покрај тоа, Русија минатата есен успешно ја тестираше единствената хиперсонична крстосувачка ракета со морско базирање „Циркон“, која достигнува брзина на летање од осум Маха.

„Без оглед на пандемијата, успеавме благовремено да ја прилагодиме работата на индустриските претпријатија и да го обезбедиме зададеното темпо на реализација на државните нарачки во доменот на одбраната. Минатата година руската војска доби повеќе од 6600 основни примероци вооружување, воена и специјална техника“, рече министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу на денот на приемот на воената техника во војската.

Во наведеното вооружување се наоѓаат 4 полковски комплети ЗРС С-400 „Триумф“, 2 дивизиони комплети ЗРС „Бук-М3“, нуклеарниот подводен крстосувач „Кнез Владимир“, фрегатата  „Адмирал на флота Касатонов“, БДК „Петар Моргунов“, подморницата „Волхов“, како и корветите „Гремјашчи“ и „Херој на Руската Федерација Алдар Циденжапов“.

Освен тоа, Вооружените сили на Русија добија стратешки ракетни системи „Јарс“ – еден со силосно и два со мобилно надземно базирање.

Редовите на авијацијата се побогати со десет ловци Су-35С, со авион од петтата генерација Су-57, десет пресретнувачи МиГ-31БМ, пет ракетоносци Ту-95МС.

Министерството за одбрана на РФ доби 220 оклопни борбени возила.

Како што наведе Шојгу, есента 2020 година Русија успешно ја тестираше единствената хиперсонична крстосувачка ракета со морско базирање „Циркон“ која достигнува брзина од осум Маха.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња