Нови дози руска вакцина пристигнаа во Србија!

Patricio Murphy/Keystone Press Agency/Global Look Press
Нови 40000 дози на руската вакцина против коронавирус, доволни за вакцинирање 20000 граѓани, беа доставени утрово во Белград.

Aвионот со вакцините на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека министерот за иновации на Србија Ненад Поповиќ.

Српскиот премиер Ана Брнабиќ изјави дека новите 40000 руски вакцини кои утринава пристигнаа во Србија ќе бидат доволни за вакцинирање на 20000 граѓани, како и дека в понеделник ќе пристигнат и нови количини на вакцината на „Фајзер“, односно 9360 дози.

„Денес Србија е втора во Европа по бројот на вакцинирани граѓани, веднаш зад Велика Британија, а седма во светот, зад САД. Тоа навистина кажува многу за борбата и напорите на државниот врв против коронавирусот“, рече Брнабиќ.

До крајот на оваа недела или на почетокот на наредната во Србија во Институтот „Торлак” би требало да дојде делегација од Русија, која ќе се увери во кадровските и технолошките капацитети на српскиот Институт и можноста вакцината „Спутник V“ да се произведува во Србија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња