Руското средство за далечинско деминирање „Листва“, специјално направено за потребите на Ракетните сили за стратешка намена (РВСН), ќе добие подобрен „микробранов топ“, соопшти државната корпорација „Ростех“, пишува порталот mars.online.
„Постојат планови за модернизирање на микробрановиот топ (всушност на параболична антенска решетка сместена на врвот на возилото и која емитува насочен електромагнетски сноп – заб. на прев.) кога станува збор за зголемување на неговата импулсна сила која нема да биде помала од пет мегавати . Ова ќе му овозможи зголемување на ефективниот дострел при уништувањето минско-експлозивни средства, нагласува компанијата чие соопштение го пренесува руската информативна куќа РИА „Новости“.
„Листва“ ќе добие и нов систем за управување и осветлување. Модернизацијата ќе ја реализира краснодарската фабрика за специјални уреди „Каскад“ која се наоѓа во рамките на холдингот „Роселектроника“ (исто така дел од државната корпорација „Ростех“).
Според руските експерти, овој вид техника нема соодветна конкуренција во светот. „Листва“ е наменета за обезбедување придружба на мобилните стратешки ракетни системи „Јарс“ и „Топол-М“. Возилото е во состојба на далечина од 100 метри да детектира минско-експлозивни средства (стандардни и нестандардни/импровизирани). По детекцијата на сомнителен предмет, кон него се насочува сноп од електромагнетни честички кој ја пали електрониката за детонирање или ја активира комплетната експлозивна направа.
Возилото е направено врз платформа на оклопниот автомобил „Булат“, така што е отпорно на дејство на стрелечко оружје. Поради големото зрачење што го емитираат уредите во склоп на ова средство, екипажот на „Листва“ во текот на работата мора да користи специјално изработени комбинезони и шлемофони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче