Започна сериското производство на „едречки“ бомби со тежина од 500 и 1500 кг за „невидливиот“ Су-57

Сергеј Бобилев/TASS
Рускиот воено-индустриски комплекс го заврши тестирањето на воздухопловни бомби со продолжен долет тешки 500 и 1500 кг што ќе ги носат ловците од петтата генерација Су-57.

Тестирањата на новата генерација планирачка воздухопловна муниција со маса од 250, 500 и 1500 килограми се завршени и започнува нивно сериско производство. Ова го изјави генералниот директор на корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“ (рус. скр. КТРВ) Борис Обноснов, пренесува веб-порталот „Интерфакс“.

„Изминатата година постигнавме голем напредок кога станува збор за производство на високопрецизни воздухопловни бомби од серијата КАБ. И по квалитет, но и по квантитет. Завршени се тестирањата на новата генерација на планирачка воздухопловна муниција со маса од 250, 500 и 1500 килограми и потпишани се повеќегодишни договори за нивна испорака во оперативните единици на руската армија“, рече Обносов во интервјуто објавено од неделникот „Воено-промишлени курјер“ (Военно-промышленный курьер).

Според директорот Обносов, современата воздухопловна муниција веќе се наоѓа во фаза на производство.

„Ние во овој производствен циклус сме фокусирани на исполнување на договорите потпишани со нашиот главен нарачател, а тоа е руското Министерство за одбрана“, рече Обносов.

Одговарајќи на новинарско прашање за напредокот на тестирањата на перспективните типови воздухопловни високопрецизни бомби КАБ-250 наменети за ловците од петтата генерација Су-57, кои ќе се произведуваат во варијантата КАБ-250ЛГ-Е со ласерска самонаведувана боева глава и фрагментарно-деструктивно боево полнење, Обносов додаде: „Тестирањата на авионите Су-57 кои се вооружени со воздухопловни бомби (основен производител АО ГНПП „Регион“) се реализира согласно утврдениот план, вклучувајќи ги и горенаведените варијанти на високопрецизни бомби. На завршната етапа на тестирањата на ловецот Су-57 наоружан со воздухопловни наведувани бомби ќе се најдат и перспективните модели на УПАБ (наведувана планирачка бомба) со тежина од 500 и 1500 килограми кои врз целта ќе се наведуваат со помош на тв-канал“, рече на крајот генералниот директор на КТРВ.

КАБ-250 е специфично развиена за рускиот авион од петтата генерација Су-57, и е прилагодена за носење во внатрешноста на борбените багажници. Меѓутоа, без оглед на својот изглед кој е прилагоден на овие барања, оваа бомба можат да ја носат и други авиони чии подвесни точки се наоѓаат главно надвор, на крилјата или под трупот на авионот. Таков ќе биде случајот и со најновата модернизирана варијанта Су-30СМ2.

Бомбата е конструирана на база на класичната аеродинамичка шема. За зголемување на нејзиниот оперативен долет за време на отпуштањето на авионската платформа, но и за нејзините маневарски способности, доградени се аеродинамички крила. Основен императив за време на нејзината конструкција бил да се обезбеди висока точност на пододувањето (отстапување од целта не повеќе од 5 метри) во услови каде авионот не влегува во зона на непосредно дејство на противничката ПВО. За да се постигне ваква прецизност, руските конструктори применија систем за комбинирано насочување на авиобомбата која во почетниот и во средниот дел од својот пат се насочува со инерцијално-сателитски апаратури, а во завршниот дел од патот (на некои 2-3 километри од целта) насочувањето го презема термовизиската глава за самонасочување, која со корелациски алгоритам за обработка на информациите, автоматски ја селектира и ја следи целта, уривајќи се на неа со „снајперска“ прецизност. Исто така, кога е опремена со ласерска глава, бомбата може да се насочува по пат на ласерски сноп кој може да се емитува од воздух или од копно (пешадија со копнени ласерски обележувачи на целта). Примената на термовизиската глава за самонасочување обезбедува висока отпорност на бомбата на електронско попречување од страна на противникот (напомена: за време на силно електронско попречување доаѓа до опструкција и пукање на каналот кој сателитски ја насочува бомбата кон целта. Тогаш на сцена настапува инерцијалното насочување кое ја доведува бомбата во реонот на целта токму толку колку да го зафати термовизиската глава за самонасочување, која потоа го презема управувањето со бомбата до ударот во целта). Бомбата е тешка 250 килограми, од кои на експлозивното полнење отпаѓаат 50% од нејзината тежина. Опремена е со фрагментарно-деструктивен тип боева глава.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња