Невскиот проектантско-конструкторски институт (ПКБ кое се наоѓа во состав на Обединетата бродоградежна корпорација) разви два нови проекта на универзални бродови, поточно на универзалниот површински брод „Варан“ (УМК) и новиот универзален десантен брод (УДК). Ова се вели во материјалите на ПКБ објавени по повод јубилејот – 90 години од основањето на овој институт, пренесува веб-порталот ТАСС.
УМК „Варан“ всушност претставува еден вид носач на авиони кој се одликува со висок степен на автоматизација и способност за примена на роботизирани системи. На неговата палуба можат да се сместат две комплетни ескадрили повеќенаменски борбени авиони (24 апарати), шест хеликоптери и до 20 беспилотни летала. Депласманот на бродот достигнува 45 илјади тони. Неговата должина изнесува 250 метри, ширината 65 метри, а минималниот газ 9 метри. УМК „Варан“ е во состојба да плови со брзина од 26 јазли.
Што се однесува до универзалниот десантен брод (УДК), неговиот депласман е проектиран на околу 30 илјади тони. Должината на бродот е 220 метри, ширината 42 метри, а минималниот газ 7 метри. Новиот УДК е способен да оствари брзина на едрење од 24 јазли. На палубата на бродот се наоѓаат седум станици за полетување и слетување на хеликоптери.
Невскиот проектантско-конструкторски институт претставува една од водечките научни институции за развој на универзални бродови. Неговите инженери се специјализирани за конструирање големи површински бродови за стратешка намена како, на пример, носачи на авиони, но и на различни тренажни системи. Овој институт на 18 јануари оваа година наврши 90 години од своето постоење.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче