Орудие што за една минута истрелува 10 гранати од 152 мм: Руските артилерци испробаа нова хаубица

Виталиј В. Кузмин/www.vitalykuzmin.net
Благодарение на напредниот механизам за полнење на артилериското орудие, како и на автоматизираниот систем за управување со огнот, артилерците со модернизираната хаубица 2С19М2 „Мста-С-М2“ постигнаа брзина на гаѓање од респектибилни 10 проектили во минута. Артилерците исто така изведува корекција на огнот во реално време врз основа на податоците добиени од извидувачките беспилотни летала, како и системите за извидување на земја, интегрирани на мобилни платформи.

Артилерците на Западниот воен округ кои се наоѓаат во Брјанската област првпат реализираа вежба во која ги применија модернизираните самоодни хаубици „Мста-С-М2“ во интегрален систем за управување со огнот. Ова за новинарите на ТАСС го соопштија од информативната служба на овој воен округ.

Според достапните информации, артилериските екипажи кои ги опслужуваат самоодните хаубици „Мста-С-М2“ при гаѓањето употребија уреди кои на тактичко ниво се интегрирани во единствен систем за управување со огнот, а кои во реално време ги обработуваат сите податоци и вршат корекција на огнот.

Благодарение на напредниот механизам за полнење на артилериското орудие, како и на автоматизираниот систем за управување со огнот, артилерците со модернизираната хаубица 2С19М2 „Мста-С-М2“ постигнаа брзина на гаѓање од респектибилни 10 проектили во минута. Артилерците исто така изведува корекција на огнот во реално време врз основа на податоците добиени од извидувачките беспилотни летала, како и системите за извидување на земја, интегрирани на мобилни платформи.

Според информациите на информативната служба на Западниот воен округ, во вежбата се ангажирани 500 војници на комбинираната армија, со околу 25 единици вооружување, воена и специјална техника.

Кон средината на минатата година беа испорачани првите контингенти модернизирани самоодни хаубици „Мста-С“. Се работи за капитално ремонтирани орудија, кои со тоа добија најсовремен пакет опрема, што драстично ги зголеми тактичко-техничките карактеристики на самоодните хаубици од семејството „Мста“. На овој начин се скратува времето за заземање огнена позиција, прецизноста на дејството и извлекување на резервна позиција. Исто така, во голема мера се намалени потенцијалните загуби за време на изведувањето огнени дејствија. Комплетниот процес на модернизација го изврши концернот „Уралвагонзавод“. Што се однесува до квалитетот на модернизацијата, познато е дека хаубиците претрпеа капитален ремонт. Системот е модернизиран со автоматски систем за управување со огнот (скр. АСУНО). Со оваа модернизација драстично е скратено времето кое вообичаено беше потребно за премин од маршовска во борбена позиција и обратно (1,5-2 пати). Ова во голема мера го зголемува степенот на преживување на орудието, бидејќи на овој начин успешно може да се избегне контрабатирање од страна на непријателот.

Во моментов најмодерната руска самоодна хаубица од семејството „Мста“ ја носи ознаката 2С19М2 (кодно име „Дилема“). Ова орудие претставува модернизирана верзија на хаубицата 2С19 „Мста-С“. Нејзината вкупна тежина изнесува 43,2 тони, калибарот е 152,4 мм. Цевката на хаубицата е со должина од 47 калибри. Максималната далечина на гаѓањето зависи од видот на проектилот, но со стандардна муниција се движи во опсег од 25-29 км. Може да стрела и со паметни проектили „Краснопољ“ на растојание до 20 км. Борбената каденца на хаубицата изнесува до 10 гранати во минута. Во борбениот комплет има 50 гранати со кал. 152 мм. Погонскиот агрегат, со моќност од 800 КС, овозможува максимална брзина од 60 км/ч. Со полн резервоар може да помине растојание од околу 600 км.

Во нејзиниот состав е и комплексот „Накидка“ (Плашт) кој во голема мера го намалува радарското, оптичкото, термичкото зрачење на орудието, што е исклучително важно при заштита од непријателско противдејство, односно контрабатирање.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња