Вчера, 19 јануари, на полигонот на моторизираната бригада на руската Северна флота припадниците на војската учествуваа во вежби во возење техника (како автомобилска, така и на гасенична) во тешки метеоролошки услови на Арктикот.
Во вежбите беа користени возила „КамАЗ-3210” и „Урал”, како и возила за тешки терени (снег, кал, неуреден терен) со приколка ДТ-30 „Витез” и ТТМ-4902ПС-10. Дополнителна тешкотија претставуваше совладувањето пречки на нерамен терен.
Благодарение на можностите на техниката која е специјално прилагодена на арктичките услови, војниците успешно ги совладаа сите пречки и покрај силната виулица и ниските температури.
Вежбите од овој тип имаат за цел да ги развиваат концентрацијата и вниманието кај возачите. Во текот на вежбите тие ги стекнуваат потребните вештини во користењето техника во суровите арктички услови. Така војниците научуваат успешно да дејствуваат без оглед на поларната ноќ, длабокиот снег, големиот студ и силниот ветер.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче