Ракетен крстосувач „Москва“
Министерство за одбрана на Русија/Global Look Press„Национален Интерес“ ги наброја петте најопасни за непријателот бродови на Црноморската флота.
Црното Море е внатрешно и, за да навлезат во оперативниот простор (или барем во друго внатрешно море, како што е Средоземното), бродовите мора да поминат низ добро заштитените турски теснеци. Оваа околност остави свој белег во составот на руската Црноморска флота – располага со неколку големи површински бродови и нема нуклеарни подморници. Како и да е, можностите на Црноморската флота се повеќе од доволни за да ги одбранат јужните граници на Русија и да доминираат во регионот, пишува „Росијскаја газета“.
Главниот брод на флотата е ракетниот крстосувач „Москва“. Бродот е долг колку две фудбалски игралишта и има депласман од 12 илјади тони, наменет за уништување на носачи на авиони и може лесно да се справи со сите бродови од помалите класи. Основното вооружување на крстосувачот се 16 суперсонични крстосувачки ракети „Вулкан“ со тежина од по 5,3 тони. Бродот е заштитен од воздушен напад со ПВО-системот С-300Ф. Крстосувачот има и 130-мм артилериски систем, мноштво ракети за блиска борба и противподморнички торпеда.
Фрегатите од класата „Адмирал Григорович“ се со помала големина, но многу посовремени - тие се најновите руски бродови во далечната зона, невидливи за радарите и можат да користат суперсонични крстосувачки ракети „Калибар“ и „Оникс“ со дострел до 645 км. Имаат и 32 ракети со краток дострел „Бук“, наменети за уништување мали бродови на растојание од 65 км. За „лов“ на непријателски подморници, фрегатата користи хеликоптер и противподморнички торпеда.
Огнената моќ на флотата е засилена со 10 ракетни чамци од типот „Тарантула“ и „Молња“. Нивната големина можеби не е импресивна, но „Тарантулите“ се вооружени со „Калибри“ со голем дострел, а „Молња“ носи осум ракети „Москит“, секоја со борбен радиус од 270 км и брзина од 3 Мах. Бродот е заштитен од повратни удари со моќен систем за противелектронска борба.
Во Новоросијск се базирани и шест дизел-подморници од модернизираниот проект „Варшавјанка“, кои не се видливи за радарите. Комбинирани се и со моќно вооружување: 18 тешки торпеда и крстосувачки ракети „Калибар“ - тие ја прават „Варшавјанка“ многу страшен противник.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче