Руски МиГ-31 ги шокира Американците изведувајќи акробации до границата на поблиската вселена (ВИДЕО)

На интернет е објавена снимка на која се гледа како руски модернизиран МиГ-31БМ изведува многу сложен маневар во близина на границата на поблиската вселена.

Американските корисници на интернетот изразија воодушевеност од фигурите на акробатското летање што ги изведе руски пилот со авион МиГ-31БМ, како и од можностите на овој модернизиран ловец.

„Доколку тоа нив на економичност и ефикасност го пренесеме на американскиот буџет, САД веќе би можеле да имаат колонии на Плутон“, истакнува Matthew Familia.

Инаку, рускиот МиГ-31БМ е единствениот ловец кој во современи услови може да им парира на најновите непријателски стратешки бомбардери. Ловецот носи ракети Р-37, кои ги погодуваат сите воздушни цели на растојание до 400 километри, достигнувајќи хиперсонична брзина до 6 Маха.

„Русите прават груби и цврсти тенкови. И тоа излегуваат значително поевтини отколку во која било друга земја“, смета Boere Plaas.

Претходно рускиот национален центар за управување со одбраната соопшти дека руски Су-27 пресретнал американски авион над неутралните води на Црното море.

Исто така, претходно авторите на американскиот портал Military Watch во својата последна публикација ги оценија популарноста и „клучните предности” на рускиот ловец Су-57.

„Просто вилицата ми падна од руските проекти, а храброста на тие момци е импресивна!”, признава A Friend.

Меѓу другото, како што се наведува во неодамнешната статија на американскиот портал Military Watch, најновиот руски ловец Су-57 во најскора иднина ќе биде сé попопуларен меѓу потенцијалните купувачи, како што со постепеното усовршување на неговите карактеристики и неговата конструкција ќе го достигнуваат нивото на шестата генерација.   

 

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња