Американски воен аналитичар ги оцени можностите на рускиот дрон „Охотник“

Сухој С-70 „Охотник“.

Сухој С-70 „Охотник“.

Министерство за одбрана на РФ/TASS
Тестирањето на тешкото ударно беспилотно летало „Охотник“ го привлече вниманието на странските воени експерти. Тие сметаат дека дронот ќе биде опремен со вештачка интелигенција со цел да стане максимално автономен.

Претходно медиумите соопштија дека во тестирањето „Охотник“ прецизно погодил копнена цел со ненаведувани авионски бомби тешки 500 кг. Тоа е постигнато со помош на нишанско-навигацискиот систем благодарение на кој овој дрон може да се споредува со високопрецизно наведувано оружје.

Запознавајќи се со податоците за ова гаѓање, Семјуел Бендет претпоставува дека „Охотник“ има систем за далечинско управување.

Во центарот за воено-поморска анализа Бендет ги проучува руските технологии и проекти во сферата на одбраната и безбедноста.

Експертот прогнозира дека со цел висока автономност јуришното беспилотно летало ќе биде опремено со вештачка интелигенција.

„Охотник“ треба да се оспособи за автономно уништување стационарни и подвижни копнени цели, со однапред познати координати, вклучувајќи и прием на податоци за целта во текот на летот“, смета Семјуел Бендет.

Во аналитичкиот материјал во кој „Охотник“ е окарактеризиран како дрон-убиец се истакнува дека бомбата во неодамнешното тестирање била ненаведувана, но дека дронот на крај ќе биде компатибилен со наведуваните проектили.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња