Куршум не го пробива: Руската воена индустрија направи неверојатно цврст полиетилен

Сликата е симболична.

Сликата е симболична.

Комсомольская правда/Global Look Press
Руската воена индустрија направи неверојатно цврст полиетилен со ултра голема молекуларна маса кој планира да го користи во производството на непробојни панцирни елеци. Плочите од тој материјал можат да запрат шрапнел што лета со брзина од 670 метри во секунда, како и куршум истрелан од автоматска пушка.

Како што се истакнува, од новиот полиетилен веќе се добиени првите суперлесни композитни материјали и врз основа на новата технологија веќе се направени првите панцирни елеци. Во процесот на нивната изработка првпат беше применет методот на намотување. Новиот материјал го доби името „Супернишка“. Ќе се применува во средствата за индивидуална панцирна заштита кои ќе го заменат комплетот „Ратник“.  

Рускиот материјал ќе биде полесен и посилен од сличните материјали од странско производство, на пример од израелскиот UD или американската органопластика врз база на кевлар, истакнува весникот на Министерството за одбрана на Русија „Краснаја Звезда“. Израелскиот UD задржува шрапнели што летаат со брзина помала од 630 метри во секунда, а американската органопластика со арамидни влакна може да запре шрапнели при брзина од 480 м/с.

„Панцирните плочи од полиетилен се толку лесни што лебдат на вода, така што овие панцирни елеци ќе одговараат и за екипажите на воените бродови и марниците“.

Рускиот полиетиленски композитен панцир е специфичен и по тоа што запира куршум со калибар кој го користат автоматските пушки. Во странските модели со таа цел се прави спој на балистички материјали од полиетилен и исклучително цврста керамичка плоча.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња