„Ве молам да ја подготвите соодветната инфраструктура. Фала богу, нашата вакцина не бара некои посебни услови при транспорт, како што е температура од -50 или -70. Кај нас е сé многу поедноставно и поефикасно за работа. Треба да се направи соодветен распоред, како што имаме кај другите болести, на пример, грипот“, рече Путин, пренесува РИА „Новости“.
Во Русија вакцинацијата против коронавирус почна на почетокот на декември.
Во моментов се користи препаратот на институтот „Гамалеја“ – „Спутник V“, а во некои региони може да се најде и вакцината на новосибирскиот институт „Вектор“.
Досега приоритет во вакцинацијата имаа граѓаните од главните ризични групи: лекарите, наставниците, социјалните работници, потоа им се придружија вработените во културните институции, трговските и услужните претпријатија, транспортот и енергетиката, индустријата и медиумите, градежните работници, волонтерите, студентите, банкарскиот и финансискиот сектор и буџетските институции.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче