„Искандер-М“ со ракети 9М723К5
Виталиј В. КузминРуската „атомска тупаница“ е ефикасен инструмент за победа во голема војна, пишува „Национален Интерес“. Границата меѓу тактичкото и стратешкото нуклеарно оружје денеска се губи поради многу фактори. Прво, поради тајноста во која сите држави-членки на „нуклеарниот клуб“ ги држат своите арсенали. Второ, не постои јасна дефиниција според која одредено оружје спаѓа во тактичко или стратешко. Во генерални црти, стратешките боеви глави се наменети за уништување на непријателската инфраструктура, т.е. на командни центри, градови и индустриски подрачја. Тактичките се користат на бојното поле во моментот на вооружен судир.
Најголемиот арсенал нуклеарни боеви глави во Русија има Воената морнарица. Термонуклеарните полнења со различна сила можат да се поставуваат на варијанти на крстосувачките ракети „Калибар“ за бродовите и подморниците. „Калибар“ користат многу бродови на Воената морнарица на РФ, вклучувајќи ги и најновите подморници од класата „Јасен“ и фрегатите од класата „Адмирал Горшков“.
Веднаш зад морнарицата е военото воздухопловство. Модернизираните ракетоносци Ту-22М3М можат да користат хиперсонична ракета „Кинжал“. Со нуклеарно полнење таа ракета претставува голема опасност, затоа што шансите таа да се пресретне речиси се еднакви на нула. Според неофицијални податоци, нуклеарно оружје ќе носи и авионот од петтата генерација Су-57, додека стратешкиот бомбардер од следната генерација ПАК-ДА сигурно ќе биде наоружан со нуклеарни ракети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче