Индија испраќа во Русија војници на обука за системите С-400

Кирил Калиников/Sputnik
Индија до крајот на овој месец ќе испрати во Русија стотина воени специјалисти за да се обучат за работа на руските противракетни системи С-400, изјави извор од индиското Министерство за одбрана.

Првиот тим од речиси стотина офицери и пилоти ќе отпатува во Русија последната недела од тековниот месец за да ја помине неопходната обука за употреба и технички сервис на системот С-400. Вториот тим припадници на индиското Воено воздухопловства ќе тргне по нивните стапки неколку месеци подоцна, пренесува агенцијата РИА „Новости“ повикувајќи се на „Тајмс оф Индија“ (Times of India).

Како што се наведува, со испораката на системот С-400 во Индија започната во септември-октомври, првиот дел ќе стапи во вооружувањето кон крајот на оваа и почетокот на наредната година.

Како што се истакнува, Индија веќе ѝ платила на Русија значителен аванс според договорот и разработува механизам за понатамошна отплата за да се заобиколи режимот на американски санкции.

Треба да се каже дека првата партија системи ПВО С-400 „Триумф“ ќе ѝ биде испорачана на Индија до крајот на 2021 година, согласно планот. Концернот ВКО „Алмаз-Антеј“ почна со производство на противвоздухопловни ракетни системи С-400 за Индија во февруари.

На испораката на С-400 во Индија се противат САД, кои се обидуваат да ја натераат Индија да се откаже од руските противвоздухопловни системи во полза на американските еквиваленти. Наведената уцена е детално проследена во медиумите. Минатата пролет исто така беше пишувано дека Индија сака да ја забрза набавката на противвоздухопловни ракетни системи С-400 поради растот на затегнатоста на индиско-кинеската граница

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња