Во Русија забележан прв случај на зараза со „британскиот“ сој на коронавирус

Kirill Kalinikov/Sputnik
Првиот човек на „Роспотребнадзор“ Ана Попова соопшти дека во Русија е забележан првиот случај на зараза со „британскиот“ сој на коронавирус. Го донел Русин кој дошол од Велика Британија. Попова не прецизираше во кој град живее заразениот.

„Кај едно лице е откриен новиот сој на коронавирус“, потврди Попова за каналот „Русија 1“. Тој случај е откриен при тестирањето Руси кои се вратиле од Велика Британија.

Пред еден месец во Велика Британија беа забележани случаи на зараза со новиот сој на коронавирус.

Според мислењето на лекарите, таа мутација се шири побрзо од обичниот вирус.

Повеќе од 20 земји ги запреа летовите со Велика Британија. „Британскиот“ сој на почетокот на јануари беше забележан во повеќе од 40 земји во светот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња