„Тајмир“ спаѓа во категоријата нуклеарни мразокршачи наменети за обезбедување на пловидбата по сибирските реки кои во зимскиот период знаат да бидат оковани со мраз. Бродот е проектиран да има помал газ од вообичаено, затоа што тоа е неопходно за безбедна пловидба во речните корита (помала длабочина отколку во морињата и океаните). Своето име го доби во чест на парниот мразокршач „Тајмир“, направен на почетокот на 20 век.
Корпусот на бродот е направен кон крајот на 80-тите години на минатиот век во пристаништето „Вартсила“ во Хелсинки, Финска, по нарачка од СССР. Меѓутоа, неговата опрема (погонот направен врз основа на нуклеарниот реактор КЛТ-40М, како и останатите системи) беа од советско производство. Исто така, и челикот од кој е направен бродот е од советско потекло. Погонската единица врз база на нуклеарен реактор е направена во тогашен Ленинград, додека телото на мразокршачот од финското пристаниште со помош на тегнач е отшлепано 1988 година.
Што се однесува до погонската единица, таа можеше да генерира сила од околу 50 илјади коњски сили. Благодарение на овој податок, како и на тежината на бродот, „Тајмир“ можеше да крши мраз со дебелина и до два метра. При кршење на мраз со дебелина 1,75-1,80 метри бродот можеше да се движи со брзина од 2 јазли. Мразокршачот можеше да ссе користи на температури и од -50 степени Целзиусови.
Изградбата на нуклеарниот мразокршач „Тајмир“ беше важна пресвртница во соработката меѓу СССР и Финска. Наскоро беше направен и вториот брод од оваа класа „Вајгач“.
Пловилото спаѓа во категоријата нуклеарни мразокршачи од класата KM(★) ЛЛ2[2] А. Спаѓа во рамките на компанијата ФГУП „Атомфлот“ на државната корпорација „Росатом“. Бродот е воведен во експлоатација на 30 јуни 1989 година. Неговиот депласман изнесува 20 илјади тони. Должината на бродот е 151,8 метри, ширината 29,2 метри и висината 15,2 метри. Газот му достигнува 8,2 метри.
Пловилото го движи атомска турбоелектрична погонска единица (два турбогенератори ГТА 6421-ОМ5) со вкупна моќност од 36800 киловати (2 х 18400). Оваа сила се пренесува преку три пропелери кои можат да му обезбедат на бродот брзина до 18,5 јазли (33,3 км/час).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче