Во Мурманската област на полигонот излезе механизираната пешадиска бригада на Северната флота. За регрутите, кои неодамна стапија на должност, овие маневри станаа првиот сериозен тест. Војската тренираше на копно, но имаше и „море од оган“, пишува ТВ „Ѕвезда“.
Механизираната пешадија работи на полигонот, осветлен од блесоците, пука со светлосни куршуми од пушкомитралези во легната положба, од автоматски пушки - со пристап до полето, од зад засолништата, па дури и со промена на позицијата. Во вежбите за контролно гаѓање примарна важност се посветува на запазувањето на мерките за безбедност – војниците го правата сето тоа само по команда.
На полигонот имаше многу војници кои првпат држат оружје во рацете на стрелиштето и ги празнат своите први рамки во целите. Бура од емоции и адреналин за регрутите, вистински тест е за новите меѓу нив. Оваа година во баталјонот има околу 30% од нив, а командирот сигурно ќе го следи секој внимателно. Тој ќе треба да го процени степенот на обука на подредените. Засега тоа е „солидна четворка“.
„Дојдоа млади професионални војници, има многу регрути. Службата кај нас веќе стана престижна. Се разбира, мора да ги обучиме. И да го заостриме теоретското знаење и така натаму. Денеска е првото гаѓање. Во принцип, помина добро. Она што се изучуваше теоретски, војниците го пробаа во пракса. И, во принцип, веќе покажаа извесни резултати“, вели Сергеј Бојко, командир на баталјонот на посебната моторизирана пешадиска бригада на Северната флота.
„Ловците на тенкови“, како што се нарекуваат војниците со рачни ракетни фрлачи, ги подобруваат своите вештини во гаѓање. Со цел ефикасно да стрелаат за време на вистинска битка, тие трошат што е можно помалку муниција. Во овој случај, целта се наоѓа на растојание од 300-400 метри.
Тука не се бројат гранатите. Оттука доаѓа и „морето од оган“. Ова е единствениот начин на кој на младите борци можат да бидат научени на прецизност во гаѓањето и правилни дејства. Се разбира, сè уште има пропусти. Не секој станува професионалец одеднаш, се шегуваат повисоките чинови. Сепак, тие од искуство знаат дека за неколку месеци ќе има многу повеќе погодоци во целта.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче