Во Србија почнува вакцинација на здравствените работници со вакцината „Спутник V“

Dwi Anoraganingrum/Geisler-Fotop/Global Look Press
Србија пред два дена доби 19500 Фајзер-Бајонтекови вакцини, во моментов има 2400 вакцини „Спутник“, а сите тие ќе бидат потрошени до крајот на неделава. Исто така се дознава дека половина милион дози од руската вакцина ќе пристигнат во Србија до крајот на јануари.

Тоа е количина за вакцинација на 250000 луѓе, што е доволно, со веќе договорената испорака на „Фајзер-Бајонтековата“ заштита, да почне масовна вакцинација против Ковид-19, пренесуваат „Новости“. Покрај тоа, до крајот на јануари во Србија се очекуваат уште две вакцини – кинеската и онаа што заеднички ја правеа „Астра Зенека“ и Оксфорд. Така вкупниот број на достапни во Србија дози на четири вакцини од различни производители би се искачил на еден милион.  

Како што е предвидено со планот што во понеделникот, 4 јануари, детално го разгледаа српскиот министер Златибор Лончар и членовите на српскиот Национален координативен тим за имунизација, според приоритетите за вакцинација, неделава ќе бидат вакцинирани здравствените работници и корисниците и вработените во установите за социјална заштита, пред сé, во геронтолошките центри.

Мирсад Ѓерлек, српски државен секретар за здравство, рече дека оваа недела вакцинацијата ќе се врши секој ден освен на Божик.

„Планираме да вакцинираме до крајот на неделата околу 11000 луѓе“, рече Ѓерлек.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња