Првпат полета новиот хеликоптер „Ансат-М“ со зголемен долет (ВИДЕО)

Ростех
Холдингот „Хеликоптери на Русијаˮ на државната корпорација „Ростехˮ го организираше првиот лет на новиот модернизиран лесен повеќенаменски хеликоптер „Ансат-Мˮ. Леталото е направено со примена на најновите технички решенија и поседува унапредени карактеристики.

Кај хеликоптерот е поставен модернизиран систем за гориво кој овозможува да се зголеми долетот. Преку унапредување на елисата на опашката е подобрена стабилноста на леталото во текот на летот. Освен тоа, „Ансат-Мˮ доби најнова радиоелектронска опрема која овозможува летање во услови на нулта видливост.

Леталото доби дополнителен резервоар со што долетот е зголемен од 505 на 800 километри. Уделот на композитни материјали во конструкцијата е зголемен за 15%, на 35%, што овозможи да се намали тежината на хеликоптерот и да се унапредат неговите летечки карактеристики. Сертификациските тестирања на хеликоптерот „Ансат-Мˮ и првите испораки се планирани за 2021 година.

Во тек е проектирање на нови лопатки на носечкиот и помошниот ротор на опашката со унапредена аеродинамика. Нивното користење ќе ги унапредат маневарските можности на хеликоптерот и ќе ја зголемат удобноста на патниците, намалувајќи го нивото на бучавост во кабината. Примената на новите лопатки исто така ќе ги зголеми брзината на крстосување, динамичката горна граница на летањето, како и максималната маса при полетувањето. Во 2021 година е планирано леталото да добие нов систем против замрзнување и триканален автопилот за автоматско летање.   

Првиот нарачател на модернизираните хеликоптери „Ансат“ ќе биде авиокомпанијата „Поларни авиолинии“. На Крајниот Север ќе бидат испратени седум хеликоптери „Ансатˮ, а испораките ќе почнат веќе во 2021 година. Според условите на договорот, сите летала ќе имаат современи медицински модули. „Ансатˮ може да се користи во температурен опсег од -45 до +50 степени Целзиусови и во услови на планински релјеф, соопштува корпорацијата „Ростехˮ.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња