Опремени со митралез ПКП „Печенег“ 6П41 и обоени во зимска камуфлажа, овие возила, идеални за борбени дејствија на Арктикот, како да испаднале од познатата (филмска) битка кај Хот.
Механички и електрично едноставни и лесни за одржување, овие моторни санки ги движи мотор од 80 коњски сили.
„Беркут“, или ТТМ-1901-40, е исклучително едноставно возило кое се состои од мала загревана кабина за две лица на санки. ПКП ГПМГ може да се постави веднаш зад кабината. Малите димензии и малата тежина на „Беркут“ – само 900 кг, го прават идеален за брз превоз во камиони или авиони.
„Беркут“ транспортиран на камион. Парада на Победата, 2018.
Јавен доменОвие моторни санки можат да влечат и до 295 кг, независно дали станува збор за опрема или за војници на скии/санки. Кабините се загреваат и се оперативни на температури од -50 °C.
Внатрешноста на TTM-1901-40
Јавен доменОвие возила се идеални за патролирање или превоз на трупи до тешки и многу шумовити подрачја.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче