На 23 декември, по директен лет во траење од 15 часа, авион „Ербас 330“ на авиопревозникот Aerolíneas Argentinas слета на московскиот аеродром „Шереметјево“. Овој авион на 24 декември ја достави во Буенос Аирес првата серија од руската вакцина „Спутник V“.
Пред да заминат за Русија, членовите на екипажот беа испратени со почести како вистински херои. Потфатот го доби називот „Операција Москва“.
Управата за цивилно воздухопловство на Аргентина (ANAC) осмисли посебен план на летање за летот AR-1060, затоа што за него не беа предвидени попатни запирања. Екипажот се состоеше од вкупно 20 луѓе. Вакцините се превезуваа во посебни контејнери во соодветни услови. Авионот ги превезуваше и членовите на аргентинската делегација кои изминативе недели во Москва соработуваа со институтот „Гамалеја“ и Рускиот фонд за директни инвестиции, наведува РГ.
Despegue histórico hacia Rusia. #AerolíneaDeBandera 🇦🇷✈️🇷🇺 pic.twitter.com/PlHp0wCQqJ
— Aerolíneas Argentinas (@Aerolineas_AR) December 22, 2020
Пред да замине авионот од Аргентина за Москва, претседателот на авиопревозникот Aerolíneas Argentinas Пабло Сериани објасни дека 300000 дози ќе бидат превезени во контејнери за транспорт „термобокс“, кои можат да се наполнат со сув мраз. „Тоа ќе ги држи вакцините на минус 18 степени 60 часа“, рече Сериани.
„Ова е првиот од многуте летови со кои и понатаму ќе се испорачуваат вакцини за да се заштитат животите на Аргентинците. Сé оди според планот, така што вакцините ќе бидат испорачани на време и во вистински услови“, рече министерот за сообраќај на Аргентина Марио Меони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче